Видови Дроги

Видови дроги:

- Канабис дроги ( марихуана, хашиш, хашишово масло )

- Халуциногени дроги ( ЛСД, ПСП, мескалин, псилоцибин )

- Наркотици ( опиум, морфиум, хероин, метадон )

- Психостимуланси ( кокаин, крек, амфитамини, екстази, метамфетамини )

Канабис дроги

Марихуана - најкористена дрога кај нас и во светот е марихуаната. Овој вид дрога станува популарен во 30-тите години од 20 век. Марихуаната се добива од растението канабис сатива ( canabis sativa ) кое кај нас во народот е познато под името коноп. Силината на дрогата зависи од местото од каде потекнува, времето и начинот на собирање, деловите кои се користат, како и начинот на подгоровка на дрогата. Од оваа растение се добиваат три видови на дрога: марихуаната, хашишот и хашишовото масло. Марихуаната се добива со дробење, ситнење и сушење на листовите и цветоците од женското растение канабис сатива. Секоја марихуана е со зелена боја, а по сушењето потемнува. Има непријатен наркотичен мирис, кој се зголемува со триење или горење, а вкусот е ароматичен и горчлив. Марихуаната се употребува преку пушење, со водено луле и во вид на цигара. Цигарата се нарекува џоинт. Некои консуматори марихуаната ја мешат со храна или ја пијат како чај.

Хашиш - Растението канабис сатива кое се одгледува во тропските краишта лачи поголема количина смола, која се собира на најразлични форми: прачки, плочки, табли, погачи и други форми кои се пакуваат и се обележуваат на повеќе начини, овој производ на канабисот е наречен хашиш. Најчесто хашишот се консумира со пушење, сам или помешан со тутун, поретко се меша со алкохол или опиум. Најпогодни подрачја за одгледување на оваа дрога се: Индија, Мала Азија, Египет и други земји на Блискиот и Далечниот Исток и некои делови на Америка.

Хашишово масло - се добива по хемиски пат со екстракција во алкохол и редестилација на канабисовата смола. Маслениот производ е во вид на темно и лепливо масло, и се консумира претежно со пушење или во комбинација со алкохол или опиум.

Можни ефекти: еуфорија, зголемен апетит, дезоријентација и ослободување на инхибициите

Ефекти од преголема доза: истоштеност, параноја и можни психози

Времетраење: од 2 до 4 часа

Халуциногени дроги

Халуциногените дроги спаѓаат во настарите и најдобро познавани дроги кои се користат заради нивната способност да ја променат човечката перцепција и расположение.

ЛСД - Во 1938 година Алберт Хофман вршејќи синтеза на некои супстанции кои ги лачат печурките, мајчиното зрно и пурпуреата добил диетиламид лизгерична киселина, синтетичка дрога позната како ЛСД. Влегува во групата на халуциногени дроги затоа што во микрограмски дози предизвикува состојба слична на психоза, на ментално заболување ( лудило, душевни болести ), која трае неколку часови. Со консумирање на ЛСД, се создаваат проширени зеници, зголемен крвен притисок, температура и забрзан пулс, плитко дишење, несоница, намален апетит, потење, сува уста и сл. Ефектите од консумирањето ЛСД се непредвидливи. Тие зависат од количината на дрогата, личноста на консуматорот, неговото расположение и околината. Карактеристично за овој тип на дрога се сензациите и чувствата кои се јавуваат кај консуматорот кои се подраматични за разлика од физичките знаци. Времетрањето е од 8 до 12 часови.

ПСП - е најопасна и најзлоупотребувана дрога од овој вид. ПСП во чиста форма се наоѓа во вид на бел кристален прашок со горчлив вкус, но произведен во илегалните лаборатории варира од жолта до кафеава боја и од прашок до густа маса. Ефектите кои се јавуваат се: дезиорентација, изопачени слики, тахикардија, изкривена перцепција, зголемен крвен притисок, потење, забавен говор, гледање во една точка, амнезија, насилно однесување, а можна е и шизофренија. Подолго земање предизвикува губење на памтењето, отежнат говор, губење телесна тежина, депресија, промени во расположението и сл. Дејството на ова дрога е со денови.

Мескалин - претставува алкалоид изолиран од растението pejote кое расте во Америка. Горниот дел од растението кој се наоѓа над земјата, се содржи од кружни кнопчиња кои се отсекуваат и сушат, а потоа се џвакаат или се пијат како чај. При дејство, консуматорот е свесен, но губи способност за временска ориентација. Времето му изгледа бескрајно долго, а телото без тежина. По завршувањето на дејството, се чустувава главоболка, мачнина, потење и вртоглавица. Времетраењето на дрогата е од 8 до 12 часови.

Псилоцибин - е активна супстанца изолирана од еден вид габичка psilocybe mexicana. Обично се наоѓаат како цели исушени или како суви печурки, необработени или пак во форма на прашок.

Можни ефекти: илузии и халуцинации, променета перцепција за просторот и времето

Ефекти од преголема доза: психози, можна смрт, подолги илузии и халуцинации и поинтензивни " трип " епизоди

Наркотични дроги

Опиум - Опумот се добива од афионот со засекување на незрелата чашка од каде истекува млечно бел сок кој во допир со воздухот потемнува и е во вид на стврдна гума, растеглив и леплив. Оваа маса се собира во погача, прачки и други форми и се суши до тврда форма. Квалитетот зависи од поднебјето каде се одгледува. Опиумот е со непријатен наркотичен мирис и горчлив вкус. Кај лица кои консумираат опиум се јавува црвенило на лицето, стеснување на зениците, зголемено лачење плунка, потење, повраќање, поспаност, депресија, страв и вознемиреност.

Морфиум - Од сите алкалоиди на опиумот, главен и најзначаен е морфиумот, кој се наоѓа во облик на хидрохлорид и сулфат. Тој претставува најсилен аналгетик кој дејствува врз централниот нервен систем. Чистиот морфиум е во облик на бели, светли иглички или призматичникристали, кристални парчиња во вид на коцка или како кристален прашок, без мирис, но со горчлив вкус. На светло, брзо пожолтува. Морфиумот дејствува врз централниот нервен систе, при што создава состојба на задоволство, рамнодушност, ослободување од емоции, еуфорија и опуштеност. Од поголеми дози можно е да настане сон, влажна или ладна кожа, со сина боја кое посебно е изразено кај устата и очите, паѓање на крвниот притисок, млитавост и плитко дишење. Дејството на оваа дрога е од 3 до 6 часа.

Хероин - Со хемиска преработка на морфинбазата се добива дериват наречен хероин. За да се добие еден килограм хероин, потребно е да се рафинираат 10 килограми морфиум. Последните децении хероинот е најраспространета и најзлоупотребувана дрога во светот и кај нас, што со огромни размери се шири посебно меѓу младите генерации. На илегалниот пазар, хероинот се среќава во вид на прашок, грутчеста форма, со различна боја, која може да биде светложолта, жолта, сива и светлокафеава. На илегалниот пазар кај нас се среќава во форма на прашок чија боја варира од бела до темнокафеава, со интензивен мирис на оцетна киселина. Чистиот кокаин е бел, во оваа форма го нема на илегалниот пазар и се меша со: креда, шеќер во прав, гипс, пудра, какао, нафталин, и сл. Постојат најразлични начини на консумирање: вшмркување, пушење, при што хероинот се меша со тутун, директно вбризгување во вена, постојат и хероински капсули. Внесен во организмот на човекот, дејствува стимулативно со чувство на пријатност, веселост, среќа, еуфорија и воодушевување, а во опиеност од хероинот консуматорот има чувство како да лебди. По подолго поминато време без дрога кај консуматорот се зголемува вознемиреноста, го фаќа паника, има зголемена температура и крвен притисок, спуштени очни капаци, сува кожа, се јавува чешање, кожни инфекции, намалено сексуално задоволство и нагон, нередовна менструација кај жените. Поради непријатните и неподносливите симптоми кои се јауваат кај консуматорот, се јавува потреба за повторно земање дрога, но за да се постигнат претходните ефекти, консуматорот при секое повторно земање треба да ја зголемува дозата. На тој начин, по кратко време се јавува физичка и психичка зависност. Времетрањето може да биде од 3-6 часа.

Метадон - Метадонот е синтетичка дрога која хемиски не е слична со мерфиумот и хероинот, но предизвикува исти ефекти но со продолжени аналгетички ефекти. Неговите ефекти траат до 24 часа и затоа се користи како терапија при лечење на зависници од наркотици.

Можни ефекти: еуфорија, вртоглавица, дишна депресија, гадење и повраќање

Ефекти од преголема доза: можна смрт, тресење, кома, влажна кожа, бавно и плитко дишење

Психостимуланси

Психостимуланси се природни или синтетички супстанции кои внесени во човечкиот организам предизвикуваат стимулација на централниот нервен систем.

Кокаин - Кокаинот се добива со екстракција на листовите од растението кока коешто успева во јужноамериканските Анди. Ова растение има сспецифична кора со месесто-црвена боја. Листовите се тенки и долгунести со горчлив вкус. Чистиот кокаин, е во вид на бел, кристален прашок без мирис и со горчлив вкус. Денес најраспространет начин на консумирање е: вшмркување, инјектирање, поретко и пушење. Од начинот кој се применува при консумирањето, зависи дејството на дрогата врз организмот на човекот. Внесен во организмот во мали количини, кокаинот дејстува стимулативно на централниот нервен систем и притоа се создава карактерстична еуфорична состојба проследена со илузии и халуцинации. Силните дози, пак, предизвикуваат делириум и грчеви, проследени со депресија, а поради кардио респираторната парализа може да настапи смрт. Дејството е од 1 до 2 часа.

Крек - Во 1983/84 се појави нова и многу поопасна форма на хероин, најпрво под името " rock ", а подоцна се преименува во крек. Крекот се добива со преобразување на кокаинхидрохлоридот во базна состојба. Оваа состојба на кокаинот се добива кога тој се вари со вода и готварска сол. Крекот е во форма на жолтобели трошки, а во организмот најчесто се внесува со пушење, со помош на стаклени лулиња. Внесен во организмот тој многу брзо дејствува на мозокот, предизвикувајќи силна еуфорична состојба. По престанување на дејството создава силна депресивна состојба, која консуматорот го тера на пофторно земање дрога за да ги постогне саканите ефекти. Дејството е од 1 до 2 часа.

Можни ефекти: возбудување, еуфорија, несоница, забрзана работа на срцето, зголемено внимание

Ефекти од преголема доза: тресење, халуцинации, можна смрт, вознемиреност и зголемена температура

Изработил:Дојчин Петковски

Credits:

Created with images by the3cats - "drugs death cocaine"

Report Abuse

If you feel that this video content violates the Adobe Terms of Use, you may report this content by filling out this quick form.

To report a Copyright Violation, please follow Section 17 in the Terms of Use.