Loading

ПОЗИТИВНА И НЕГАТИВНА СОДРЖИНА ВО МЕДИУМИТЕ Медиумско влијание и можности за родителите

МЕДИУМИ

•  Посредници за пренесување на пораки

ТРАДИЦИОНАЛНИ МЕДИУМИ

• Радио

• Телевизија

• Весници

НОВИ МЕДИУМИ

•  Интернет содржина до која може да се пристапи преку компјутер, таблети и паметни телефони

ЗА ШТО ГИ КОРИСТИМЕ МЕДИУМИТЕ?

• Информации – медиумите ни пренесуваат новости

• Образование – преку медиумите можеме да учиме

• Забава – медиумските содржини ни помагаат да се опуштиме и да се забавуваме

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА МЛАДИТЕ И МЕДИУМИТЕ

● Повеќето млади луѓе ги користат новите, а и стари медиуми (телевизија, радио, весници) пристапувајќи до нив преку интернет преку паметните телефони

• Паметните телефони ја охрабруваат “културата во спалните соби”, а пристапот до интернет станува личен, приватен и помалку надгледуван

• Младите луѓе најчесто ги користат медиумите за забава и дружење (играње игри, друштвени мрежи, следење на Јутјубери)

• Најкористена социјална мрежа е Instagram

ПОЗИТИВНА И НЕГАТИВНА МЕДИУМСКА СОДРЖИНА

ПОЗИТИВНА:

• Содржини која се користи за едукација

• Содржина што поттикнува општествено пожелно однесување со цел за зачувување на човечката личност, нејзиното достоинство и социјалниот поредок како целина

• Содржина која што служи за релаксирање, играње, забава, а притоа не му штети на психо-социјалниот развој на поединецот

НЕГАТИВНА:

• Насилни содржини

• Порнографски содржини

• Содржини кои промовираат омраза и нетолеранција од било кој вид

Пример од видео игра Call of Duty

ПОЗИТИВНО И НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА МЕДИУМИТЕ

ПОЗИТИВНА:

• Поттикнување креативност и изразување

• Комуникација и дружење

• Промовирање и заштита на човечките права и правата на децата

• Поттикнување на инклузија и толеранција, сочуство и солидарност

НЕГАТИВНА:

• Изложеност на насилство во медиумите

• Cyberbullying (онлајн насилство)

• Поттикнување на омраза и деструктивно однесување

• Нарушување на приватност

• Одржување на стереотипи (на пр. убавина, родови припадност...)

• Дискриминација

• Социјална исклученост

• Создавање лоша слика за себе

• Анонимност и лажно претставување

• Прикриен маркетинг

ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕКУМЕРЕНА УПОТРЕБА НА ИНТЕРНЕТ

• Нарушување на видот и слухот

• Дебелина

• Деформации на ‘рбетот и дланките

• Зависност (компјутерски игри, социјални мрежи)

• Нарушување на спиењето

• Нарушување на концентрацијата

• Поттешкотии во учењето

• Социјална изолација и нарушени социјални односи

• Осиромашување на јазичната комуникација

• Осиромашување на јазичната комуникација

• Анксиозност

• Депресија

• Агресија

ШТО МОЖАТ ДА НАПРАВАТ РОДИТЕЛИТЕ?

• Научете ги децата да размислуваат критички и да поставуваат прашања за она што гледаат, читаат или слушаат – научете ги да избираат содржините односно научете ги на медиумска писменос

• Користете родителска заштита за телефони, интернет оператори или апликации за родителска заштита

• Поставете ограничување за употреба на интернет и дигитални уреди (временско ограничување)

• Следете како детето го користи интернетот

• Внимавајте на ограничувањето на возраста за користење на социјалните мрежи (минимално 13 години)

• Покажете им на децата корисни содржини и правила за социјално прифатливо однесување на интернет (комуникација само со луѓе кои ги познаваат, избегнување говор на омраза, да не споделуваат јавно лични податоци, да не споделуваат фотографии и видеа од нивни пријатели без нивно одобрение, во случај на несоодветни пораки или содржина да се обратат на родителите или личност од доверба, да пријават секаква врста на насилство)

• Потикнете здрави навики и здрав начин на живот

• Бидете пример за вашето дете

• Навремено побарајте стручна помош кога ќе забелешите зависност кај детето

ИЗВОРИ

Hrabri telefon. "Nepoželjni sadržaji na internetu." odrasli.hrabritelefon.hr. 3 Jan. 2020. < https://odrasli.hrabritelefon.hr/clanci/nepozeljni-sadrzaji-na-internetu/>.

Kolucki, Barbara. "POZITIVNI I NEGATIVNI UTJECAJI MEDIJA." medijskapismenost.hr. 24 Apr. 2017. 3 Jan. 2020. <http://www.medijskapismenost.hr/POZITIVNI-I-NEGATIVNI-UTJECAJI-MEDIJA/>.

"Preliminarni rezultati nacionalnog istraživanja sigurnosti djece i mladih na internetu." hrkids.onlin. 21 Nov. 2017. 3 Jan. 2020. <http://hrkids.online/post/second-press/>.

Peharda, Robert . "9 RODITELJSKIH APLIKACIJA ZA NADZOR DJECE NA INTERNETU I PAMETNIM UREĐAJIMA." womeninadria.com. 5 May. 2016. 3 Jan. 2020. <https://www.womeninadria.com/aplikacije-za-roditelje-za-nadzor-djece-na-internetu-i-pametnim-uredajima/>.