Hour of Code II-2 odd 2016

Цели:

- Се запознаваат со поимот алгоритам

- Решаваат проблеми по однапред одредени правила и чекори

- Даваат свое мислење за чекорите кои ги превзеле во изготвената активност

- Учат по пат на обиди и грешки

Театар на сенки

Првата активност беше раскажување на приказна за тетка Коди, која имала две дечиња близначиња Максим и Руби. Максим бил голем љубител на тимската игра фудбал, додека Руби многу ја сакала природата, прошетките во неа, сакала да ја истражува природата. На нејзините дечиња им се ближел роденденот, а таа сакала да ги изненади да им сошие убава облека, на Максим спортска (дрес и шорцеви) додека пак на Руби (маичка и сукњичка). Таа напишала упатства и правила како да изгледа облеката. Сега, драги дечиња откријте како ќе изгледа облека за близначињата Максим и Руби. Еве ги упатствата и правилата за да ја обоите нацртаната облека.

СЦЕНАРИО 1

Максим
Руби

Еве како ги обоивме Максим и Руби, работевме во парови, можеби некаде згрешивме, но откривме како ќе бидат облечени за нивните родендени.

Еве ни ја 2Д боенката

Потоа со помош на апликацијата "Quiver" Максим и Руби ги направивме живи ликови, видиме како им стои нивната нова роденденска облека, што ја креиравме според одредени правила. Ги согледавме грешките во боењето на ликовите.

3Д слика

Откако завршивме со креирањето на облека, и го пакувавме куферот на тетка Коди со облека за на пат за една седмица.

СЦЕНАРИО 2

Продолживме да и помогнеме на тетка Коди да си го нареди шифоњерот со облека за цела седмица. Работевме во две групи.

СЦЕНАРИО 3

Завршна активност ни беше возбудлива и интересна, игра „Облечи го своето другарче“ (работа во парови), имавме изготвена табела 5x5 со старт и крај позиција, легенда со нацртани парчиња од облека и на нив почетните букви на нацртаната облека и капачиња од пластични шишиња со испишани букви од внатрешната страна од легендата, и подебел конец со кој се движевме низ табелата. Едниот ученик е кажувач, ги мести капачињата во табелата и му кажува на другарчето каде да се движи низ табелата, во различни насоки и воедно да собира капачиња се до моментот кога ќе се облече неговото дручарче пр.1 (кошула, пантолони, чевли), пр.2 (фустан, чевли), пр.3 ( блуза, сукња, чевли).

Created By
Nela Slezenkova Nikovska
Appreciate

Made with Adobe Slate

Make your words and images move.

Get Slate

Report Abuse

If you feel that this video content violates the Adobe Terms of Use, you may report this content by filling out this quick form.

To report a Copyright Violation, please follow Section 17 in the Terms of Use.